28.8 C
Скопје
27. септември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Апел за рационално користење на водата

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви.Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високите температури кои деновиве ќе достигнат и над 40 °C, како и податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови. Воедно, потсетуваме дека дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснабдување, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за водоснабдување, член 37), врз основана што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело. Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснабдувањето до сите корисници во град Скопје. ЈП Водоводи канализација – Скопје ги повикува граѓаните на одговорно однесување и регуларно поднесување на барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба. Апелираме до граѓаните на град Скопје, доколку забележат див приклучок, истиот даго пријават на 023073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk, www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS.

Можеби ќе ве интересира

Народниот правобранител со апел до оние што сакаат да патуваат да се информираат за условите за патување

M T

НЕ СТЕ ДЕБЕЛИ: Еве зошто водата се задржува во вашето тело

M T

Не сте одамна дома? Еве зошто треба да ја пуштите водата од чешма да истекува неколку минути

M T