19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шилегов: Недозволиво е Скопје и Тирана да бидат заложници на примитивните политики од 19-от век

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ја сподели својата визија за иднината на сесијата „Паметни градови, урбана мобилност и дигитални решенија во Северна Македонија“ на „Скопскиот економски форум“.

На форумот Шилегов одговори и на конкретно прашање колку ветото на Бугарија ќе се одрази и на Македонија и на Албанија, односно, на понатамошниот развој на градовите во овие земји:

„За жал, сме како градоначалници заложници на политики кои што се креирале или кои што се креирани во 19-от век, а чии што последици ги осеќаме сега, во 21-от век. И мислам дека недозволиво е целиот регион на Западен Балкан, пред се Северна Македонија и Албанија, да бидат заложници на примитивизмот во политиката.“ Шилегов укажа дека иако Скопје и Тирана сериозно се понапреднати од многу европски центри во имплементација на урбаните политики, сега се „заложници на примитивните политики од 19-от век“.

„Јас ќе бев многу посреќен како градоначалник на градот Скопје, доколку во Софија беше донесена одлука да биде изграден автопат од Софија до Скопје, отколку да биде донесена одлука да и Македонија и Албанија бидат блокирани во процесот на евроинтеграции. Ама ние ќе донесеме одлука да изградиме автопат меѓу Скопје и Тирана“ – истакна градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на „Скопскиот економски форум“.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шилегов: Би ги укинал централните инспекции, да не постои државен инспекторат

CENTAR MKD

Петре Шилегов: За Дамјан. Се знаеме одамна, бајаги години…

CENTAR MKD

Шилегов објави фотографии: Булевар “Видое Смилевски Бато” – Скопје една поинаква приказна

CENTAR MKD

Шилегов во Сарај ја промовираше акцијата за бесплатно собирање на остатоците од берба

CENTAR MKD

Петре Шилегов оздраве од коронавирус и ја соопшти добрата вест: И вториот тест е негативен, се гледаме од утре

CENTAR MKD