Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ВИКЕНД СО СОНЦЕ И УТРА ДО −3 °C – Од понеделник услови за слаб локален дожд

До недела ќе се задржи стабилно време со сончеви периоди. За време на викендот утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Потоа до средината на следната седмица, времето ќе биде со променлива облачност во текот на денот и услови за слаб локален дожд.

Прогноза за 07.11.2026
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 08.11.2026
Минимална температура: -3°C до 7°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Утрото ќе биде ведро и постудено, а во текот на денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 09.11.2026
Минимална температура: -1°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Дафина Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски е човек кој не верува на институциите

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА ВИДЛИВИ РЕЗУЛТАТИ – Рокас го предаде извештајот на ЕК и предупреди на слабостите во борбата против корупцијата

ДЕСК

ДВАЕСЕТ И ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА ПЕТ ДЕНА – Полицијата привела 14 лица по случаи на семејно насилство

ДЕСК