8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Запалете свеќа за мртвите: Се празнува Задушница

Православните верници во петок и сабота ја одбележуваат Задушница или ден на мртвите, односно на овој ден сите што имаат блиски починати уште од рано утро ќе ги посетат нивните вечни почивалишта и ќе им оддадат почит.

Се пали свеќа, се пее гробот и се раздава храна за душата на починатиот. Се принесува пченица, вино, цреши, а гробот се чисти со оревови гранчиња. Со сеќавање на починатите, нивните блиски се молат тие да им ги простат гревовите што им ги направиле додека биле живи.

Црквите служат парастос, а потоа верниците ги посетуваат гробовите на најблиските. Се верува дека свеќата запалена на денешен ден гори до следната Задушница, а доколку тоа не се направи, починатите ќе бидат во темница цела година.