Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев со благодарност до канцеларот Себастијан Курц за лидерството кон Западен Балкан и ЕУ

Упатувам искрена благодарност до канцеларот на Австрија, Себастијан Курц кој денеска во Виена повторно демонстрира вистинска одговорност и лидерство и кон Западен Балкан и кон Европа, објави премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

– Сѐ додека постојат вакви лидерства посветени на интеграциите, европската идеја нема да може да биде сериозно загрозена, а европската перспектива секогаш ќе биде победник над евроскептицизмот.

Денешната панел дискусија во Виена уште еднаш покажува дека иднината на Европа е со Западен Балкан, а иднината на Западниот Балкан е со Европа, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +