Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во сообраќајка тешко повреден моторциклист кај Мрзенци

На 17.06.2021 во 19.08 часот во СВР Струмица било пријавено дека на автопатот А-1, кај бензинска пумпа во с.Мрзенци, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „сузуки GSX 1300 R”, со скопски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.А.(42) од Скопје и патничко возило „хјундаи галопер”, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(42) од с.Прдејци.

Во незгодата, со тешка телесна повреда се здобил мотоциклистот Ѓ.А., констатирана во Медицински центар Гевгелија.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

ДЕСК