10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поради презентација на пожарникарската сала затворена за сообраќај ќе биде улицата 11 Октомври

Почнувајќи oд 18 часот денеска, затворена за сообраќај ќе биде скопската улица 11 Октомври, на потегот од булеварот Кочо Рацин, до улицата Крушевска Република (од Тутунски Комбинат до крстосницата кај Црвен Крст).

Како што информираат од МВР, причината за тоа е презентацијата на новата противпожарна скала од страна на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, заедно со единици од полицијата.

Улицата ќе биде затворена за собообраќај до завршувањето на настанот, за кој е најавено дека ќе трае до 21 часот.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

По 19. пат ќе се дарува крв за Голема Богородица

M T

Црвениот крст испрати помош за населението зафатено со пожарите

M T

Поради повисоките температури тимови на црвениот крст ќе патролираат низ централното градско подрачје на Скопје

M T