Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Анкета на ИРИ: СДСМ во Скопје има поголема доверба од ВМРО-ДПМНЕ и Левица заедно!

Според анкетата на ИРИ, спроведена од Брима Галуп помеѓу 4-6 април 2021, СДСМ води во Скопје за 5% во однос на ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето „Ако локалните избори се одржат денес, за чиј партиски кандидат би гласале да биде градоначалник на Скопје“, СДСМ има 21% поддршка, ВМРО-ДПМНЕ 16% поддршка, следува ДУИ со 8% поддршка, па ДПА со 7% поддршка, Левица со 4% поддршка, итн.

Интересно е дека во споредба со анкетата на ИРИ од август 2017, ВМРО-ДПМНЕ има изгубено поддршка во Скопје за цели 7%, а СДСМ ја има зголемено поддршката за 5%.

Според анкетата на ИРИ, во Скопје само СДСМ има поголема поддршка од ВМРО-ДПМНЕ плус Левица.

Според резултатите од анкетата на ИРИ, евентуален заеднички кандидат на СДСМ, ДУИ и ДПА сигурно би извојувал победа уште во првиот круг на локалните избори. СДСМ е фаворит на локалните избори, имајќи предвид дека кандидатот на СДСМ Петре Шилегов победи уште во првиот круг во 2017 година, кога анкетата на ИРИ регистрираше многу помала доверба во СДСМ отколку во 2021.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?

ДЕСК

ДОАЃА СНЕГ НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА: Метеоролозите најавуваат драстична промена на времето – објавена е четиридневната прогноза

ДЕСК

НОВИ РЕСТРИКЦИИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Ќе се забрани пушење по кафулиња, ресторани, но и во вашиот автомобил – електронските цигари на исто ниво со нормалните

ДЕСК