Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ангелова: И покрај пандемијата и последиците од режимот постигнавме економски успеси!

„Стопанството се враќа во живот, а економијата расте“, нагласи пратеничката на СДСМ, Марија Ангелова, на партиската трибина во Кочани. Таа додаде дека сега веќе кога пандемијата стивнува, граѓаните се чувствуваат сигурни, а процесот на имунизација се одвива непречено. Ангелова потсети дека ова бил период на предизвици за власта, но и покрај пандемијата и, како што вели, последиците од режимот, Владата предводена од СДСМ успеала да постигне значајни економски резултати.

– Во услови на пандемија, донесовме 6 пакета мерки за поддршка на стопанството и граѓаните. Се сочуваа над 100 000 работни места. По разни дополнителни основи, помогнавме над 400 000 граѓани и над 35 000 компании, изјави Ангелова во Кочани.

Пратеничката на СДСМ сепак истакна дека и пред пандемијата, власта успеала да постигне успеси во економијата, но и на секое друго поле.

-Се зголемија платите на околку 200 000 вработени и тоа во повеќе сектори како што се: здравството, образованието, труд и социјала… За првпат во историјата на нашата држава, се воведе социјалната пензија. За првпат се воведе и поврат на ДДВ. Изградивме и обновивме преку 500 километри патишта, заклучи Ангелова, додавајќи дека земјата е сега веќе и членка на НАТО, притоа со зачуван идентитет.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК