24. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Јовановски: Општина Прилеп со набавка на 600 компјутери и 720 таблети ги поддржува реформите во образованието

„Општина Прилеп инвестираше околу 20 милиони денари за набавка на 600 компјутери и 720 таблети за наставниците и ученици во основните и средните училишта и на тој начин ги поддржуваме реформите во образованието“ кажа градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јовановски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“.

„Граѓаните знаат да направат разлика меѓу доброто и лошото, меѓу прогресивното и деструктивното. Во таа насока се реформите во образованието, односно дигитализацијата со која нашиот образовен систем го приближуваме до европскиот“ кажа Јовановски.

Тој на трибината повтори дека во последните години речиси и да нема училиште во градот кое нема нов лик.

„Со вложените 25 милиони денари во основото образование и 9 милиони во средното, ги подигнавме условите за изведување и слдење на наставата на повисоко ниво“ кажа Јовановски.

Градоначалникот на Прилеп додаде дека екологијата и заштитата на животната средина се во нивниот фокус, а за тоа говори и податокот дека во 2018 година Прилеп беше прогласен за најеколошки град во државата.

Помеѓу проектите во полето на екологијата, градоначалникот Јовановски ги издвои пречистителната станица за води, со која градинарските и земјоделските производи добија еколошки предзнак, како и набавката на 4 нови возила за подигање и транспорт на отпад, со што општината ја има најобемната примарна селекција на отпад.

Можеби ќе ве интересира

Му се слошило, па починал откако бил донесен во бесознание во клиника

ДЕСК

Гореа автобуси, минибус, камион, неколку автомобили во голем пожар во Куманово

ДЕСК

Повеќе повредени во тешка сообраќајка во Свети Николе

ДЕСК