7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Јовановски: За три и пол години изградивме повеќе капитални проекти во Прилеп, отколку ВМРО-ДПМНЕ за 12 години

„За овие три и пол години изградивме повеќе капитални проекти, отколку што направи ВМРО-ДПМНЕ за 12 години. Сакам и да го нагласам однесувањето на опозицијата во целиот овој период – крајно лицемерие и минимизирање на се што е изградено во интерес на сите граѓани, на проектите кои се видливи и функционални“ кажа градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски на трбината „Најдоброто за нашата општина“.

„Императив ми беше изградбата на Дневен центар за лица со церебрална парализа во Прилеп. Тоа беше првиот проект, кој го реализирав со моето доаѓање на позицијата градоначалник на Прилеп. Сега Прилеп е првиот град после Скопје, кој има ваков дневен центар. Покрај згрижувањето на лицата со церебрална парализа, во Дневниот центар вработивме родители и лица со церебрална парализа. Со тоа ја покажуваме нашата грижа и еднаквиот третман кон сите категории на граѓани“ кажа Јовановски.

Тој додаде дека за прв пат после речиси 5 децении, Прилеп доби нов мост кој е широк 22 метри со четири коловозни ленти и велосипедски и пешачки патеки од двете страни.

„Досегашното тесно сообраќајно грло на овој дел од градот, е минато. Мостот ги поврзува двете индустриски зони, каде имаме најголем проток на товарни и патнички возила“ кажа Јовановски.

Градоначалникот на Прилеп ја потенцираше и реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“, каде што беа вложени 62 милиони денари.

„Пред неговата реконструкција, ја реконструиравме примарната и секундарната водоводната мрежа на тој потег. Денес, Прилеп има булевар со 4 коловозни ленти, широки поплочени тротоари, велосипедски патеки и нова урбана опрема“ потенцираше Јовановски.

Помеѓу останатите проекти вредни за споменување, Јовановски ги издвои реконструкцијата на градскиот стадион „Гоце Делчев“, како и проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“ каде што граѓаните ќе може да уживаат во осветлени пешачки патеки, спортски терени и мултимедијален простор покрај Вештачкото езеро.

„пред два месеци стартуваа градежните работи за новата детска градинка во населба „Точила“, каде ќе бидат згрижени околу 260 деца. Со тоа, а на задоволство на дечињата и родителите, трајно го решаваме деценискиот проблем од недостиг на слободни места за згрижување на децата. Градиме нова детска градинка, согласно сите светки и европски стандарди за енергетска ефикасност и самоодржливост, која ќе биде ставена во функција до крајот на оваа година“ кажа Јовановски.

Тој ја истакна и изградбата на покриениот базен, кој ќе започне да се гради во септември оваа година, кој освен за рекреативна намена, ќе го користат и децата од основните училишта.

Спонзорирано: