Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ оцени дека новата фаза на програмата „Европа сега“ мора да се темели на структурни реформи, а не само на субвенции и промотивни мерки. Според него, краткорочните интервенции не можат трајно да го подобрат животниот стандард.
Во фокусот се системот на плати, даночната структура и создавањето поотпорна економија. Спајиќ смета дека токму долгорочните промени треба да го обезбедат следниот раст на примањата.


