Српската напредна странка денеска организира голем предизборен собир во Нови Сад. Настанот доаѓа во напната политичка атмосфера и во период кога власта и опозицијата се обидуваат максимално да ги мобилизираат своите гласачи.
Нови Сад има дополнителна политичка тежина по масовните протести што следуваа по трагедијата со железничката надстрешница. Затоа денешниот собир се следи и како тест за мобилизациската сила на владејачката структура.


