15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Анкета со граѓани: Живеам во Центар и многу ми сметаат протестите на ВМРО ДПМНЕ

Опозицијата веќе неколку дена протестира и ги блокира главните сообраќајници во градот, фотографиите од блокадите, на кои може да се види како десетина симпатизери на партијата се обидуваат да го запрат сообраќајот, се повеќе служат за потсмев на социјалните мрежи но создаваат и револт кај граѓаните.

-Протестот е демократско право, но да се кочи сообраќајот и да се создава гужва не е во ред, нека се најде соодветно место, што сакаат да си кажат нека кажат, а власта е должна да ги чуе нивните барања и да постапи по нив, а дали било на улица, дали било надвор од улица не е  важно, важно е да не се ремети градот, вели граѓанин во анкетата на „Слободен печат“.

Покрај граѓаните од другите делови на градот кои не можат навреме да ги завршат обврските или пак да заминат дома, револтирани се и жителите во центарот на градот.

-Многу ми сметаат протестите живеам во Центар, вели нервозно еден од граѓаните во анкетата.

Последниов период, ова не се единствените протести поддржани од опозицијата кои доживуваат дебакл. Веројатно поради малата заинтересираност веќе не се најавуваат ниту протестите на дел од родителите кои не се согласни со реформата за дигитализација во образованието.