15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Анкета со граѓани: Во ВМРО ДПМНЕ не знаат ни што е политика, ниту пак за што протестираат

 
Секој ден сообраќајот во градот по повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за одбрана на Македонија од „бугаризација“, преку блокирање на крстосници  во периодот од 15 до 17 часот е во невиден хаос, а граѓаните секој ден се „заглавени“ и револтирани.

 -Досадно е веќе со политика тие што се на власт си знаат најубаво, гужва прават во сообраќајот, истата приказна 30 години. Не знаат ни што е политика не знаат ни за што протестираат, велат граѓаните во анкета на Слободен печат.

Скопјани се најмногу револтирани бидејќи на протестите  присуствуваат едвај по десетина граѓани, а за сметка на тоа тие доцна се враќаат дома по напорниот работен ден.

Иако вети опозицијата и покрај малата заинтересираност на протесирачи сеуште не се откажува од блокирањето улици.

-Ние како политичка партија инсистираме македонскиот јазик, македонскиот идентитет, посебноста на македонската историја, заштитата на македонските национални малцинства да бидат јасни црвени линии при преговорите со Република Бугарија. Од тоа нема отстапување, нема назад, напиша Мицкоски на својот фејсбук профил, иако од неговата партија претходно истакнаа дека доколку блокадите на крстосниците не дадат резултат, ВМРО-ДПМНЕ ќе „блокира“ по институционален пат.

Спонзорирано: