11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Владата им излезе во пресрет на општините кои долги години тонеа во долгови, за да се посветат на планови за развој

„Долги години општините тонеа во долгови, новите градоначалници ја трошеа енергијата за да најдат начин да ги враќаат долговите. Решивме да им излеземе в пресрет и како Владата обезбедивме 50 милиони евра, средства за општините. Секоја општина доби неповратни средства за да покрие 51% од пријавените долгови. Тоа многу ја олесни работата на градоначалниците и тие се посветија на проекти и планови за развој на локалните самоуправи“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на граѓанската трибини „Најдоброто за нашата општина“ во Скопје.

Тој истакна дека СДСМ ја има честа и одговорноста четири години да ја предводи централната власт, но и локалните администрации во 56 општини и градот Скопје.

„Поддршката на Владата кон единиците на локалната самоуправа, вклучувајќи го секако тука и Градот Скопје е континуирана и ефикасна, насочена кон развој, екологија, почиста живота средина, почист воздух“ истакна Заев.

Премиерот Заев најави дека оваа година се имплементира проектот за изградба и санација на локални патишта и улици во општините со вкупна должина од 450 километри.

„ Дополнително, со 70 милиони евра, средства од Светска Банка, секоја на располагање има до 2 милиони евра. 35 милиони евра се обезбедени за финансирање локални проекти преку пренамена на средства од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром. Со оваа наша одлука се финансираат 99 проекти во 75 општини, проекти за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациони мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи, и за други проекти што ги предложија општините“ кажа Заев.