СДСМ вчера попладне започна со маалски и урбани средби со граѓаните во десетици општини низ целата држава.
Функционери на партијата, членови на Извршниот и Централниот одбор, пратеници и пратенички разговараа со граѓаните пред кои ги презентираа проектите што досега се реализирани, но и ги слушнаа сугестиите и предлозите на граѓаните за идни мерки и проекти на локално ниво, велат од СДСМ и додаваат:
Големиот интерес на граѓаните на овие средби е доказ дека „Најдоброто“ е силен печат на СДСМ.
Урбаните и маалски средби продолжуваат и денеска, во осум општини низ државата. Во периодот што следи, со засилено темпо продолжуваме со теренски активности и директен пристап кон граѓаните.
Преку урбани, маалски средби, граѓански трибини и средби со целни групи, заедно со граѓаните ќе го креираме „Најдоброто за секоја општина“.
Преку посветена и одговорна работа постојано докажуваме дека сме партија која се грижи за граѓаните. Затоа довербата во СДСМ постојано расте, затоа сме фаворит на претстојните локални избори, велат од СДСМ.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...