Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Владата ќе реагира за ДДВ на струјата, откако Регулаторна ќе ја соопшти новата цена

„Цената на електричната енергија ја одредува Регулаторната комисија за енергетика, но секој од учесниците во производството учествуваат во формирањето на цената со одредени трошоци и маржа и притоа со 18% учествува и ДДВ. Кога РКЕ ќе ја објави новата цена, тогаш и Владата ќе направи праворемен потег во однос на нејзиниот дел од учеството во цената, а тоа е ДДВ“ кажа заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека Владата не може да донесе одлука пред да се види новата цена.

„Сите опции се отворани согласно калкулациите. Калкулациите ќе покажат дали ќе се намали ДДВ од 18 на 5 проценти, но можеби нема да биде толку. Не би сакал да прејудицирам нешто врз основа на две непознати“ кажа Ковачевски.

Тој додаде дека секоја влада мора да биде одговорна и да го следи стандардот на населението, учеството на цената на електричната енергија во трошоците на населението и стопанството и потоа преку Собранието да реагира.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК