Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Невреме во Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Денес попладне претежно во северните и источните делови од земјава ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од утре следува период на променливо облачно време, на повеќе ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Утре нестабилно ќе биде уште од претпладневните часови и се очекува локална појава на невреме.

Прогноза за 08.06.2021
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 22°C до 29°C
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови. УВ=7

Прогноза за 09.06.2021
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 23°C до 29°C
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=6

Прогноза за 10.06.2021
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 23°C до 30°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК