Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Зекири: Осудените за 27 април никогаш нема да докажат дека не сториле тероризам

Дали е можно ново „фер судење“ или „ревизија“ за осудените за настаните од 27 април треба да одлучат правосудните органи? прашува поранешниот потпретседател на СДСМ и генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, во разговор за „Локално“.

Во меѓувреме, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, постојано бара амнестија на осудените за случувањата во Собранието и тргнувањето на ознаката „терористи“ во нивната пресуда.

– Мојот личен став е дека осудените заедно со нарачателите на упадот во Собранието на 27 април се терористи. Искрено не само што се надевам туку сум убеден дека нема да има ново судење, а и да има делото коешто го направиле не можат да докажат дека не го направиле, оти тоа што се случи на 27 април го виде не само домашната јавност туку целиот свет, изјави Зекири.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +