Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Попова Шапка ќе го промени имиџот на државата

„Инвестицијата во скијачкиот центар Попова Шапка ќе даде нова димензија на туризмот и ќе биде нешто коешто ќе го смени имиџот на државата“ кажа премиерот Зоран Заев, презентирајќи го Интервентниот план за инвестсиции 2021-2027.

Како што објасни премиерот пред завршна фаза е постгнувањето на правен договор за инвестицијата во вредност од 50 плус 50 милиони евра.

„Проектот е согласно Законот за концесии и јавно приватно партнерствао, а суштината е издавање на 99 години на еден од најголемите инвеститори во скијачки центри во Европа“ рече Заев и додаде дека инвеститорот сам ќе се претстави откако ќе бидат завршени сите процедури.

Покрај инвестицијата во ски центарот Попова Шапка, премиерот кажа дека завршена е студијата и за ски-туристички центар Царев Врв на Осоговските планини. Оваа инвестиција ќе се одвива по принцип на јавно-приватно партнерство и ќе иам вредност од околу 50 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

ДЕСК

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко – до крајот на мај ќе се стави во оператива Гранична меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле – Охрид

ДЕСК

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

ДЕСК