26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата најави половина милијарда евра инвестиции во комунална инфраструкта и животна средина

Половина милијарда евра инвестиции во комуналната инфрастурктура и животната средина најави Владата со Интервентиот план за инвестиции 2021-2027, меѓу кои е и пречистителната станица за отпадни води во Скопје.

Како што објасни премиерот Зоран Заев, пречистителната станица во Скопје ќе биде проект вреден 136 милиони евра кој треба да стартува до крајот на оваа година. Над 70 милиони евра за проектот ќе бидат грант од Европската Унија.

Премиерот најави и фабрика за селектирање и преработка на отпад во Источниот и Североисточниот регион, 37 милиони евра од ЕУ каде што е формирано заедничкото комунално претпријатите за управаување со депонијата односно со новата фабрика во Свети Николе.

Освен тоа, предвидена е изградба на колектори за прочистување на отпадни води во Битиола, во вредност од 30 милиони евра, што ќе бидат грант од ЕУ со 15 проценти државно финансирање.

„Следен е колекторот за отпадни води во Кичево, проект 14 милиони евра или 13,8 милиони евра, кој ќе биде тендериран исто така во текот на јуни, со грант од ЕУ со 15% државно финансирање. Очекуваме почеток на изградба да биде крајот на годината или почетокот на 2022 и секако изградба на прочистителни станица за отпадни води во Тетово, проект вреден 32 милиони евра, донација од ЕУ со 15% државно финансирање“ кажа премиерот Заев.

Овие проекти се дел од Интервентиот план за инвестиции 2021-2027 на Владата со кои се предвидува да се инвестираат преку 8 милијарди евра во македонската економија.