23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Додека одредени групи се борат против модернизацијата, првачињата во Белград почнуваат да учат дигитално

Додека одредени групи на граѓани во земјава се противат и бараат референдумско изјаснување за реформите и модернизацијата на образованието, светот, а и регионот целосно го дигитализира образованието.

Учениците од четврто одделение во земјава од септември ќе започнат да учат од дигитални учебници, следејќи ги светските и регионалните трендови. Слична реформа започнува и во Србија, каде што од 1 септември првачињата во Белград започнуваат да учат од дигитални учебници.

Градот Белград набавува преку 70 илјади таблети за ученици од прво до четврто одделение, на кои ќе бидат преинсталирани дигиталните учебници. Исто така, градот набавува и 6.500 лаптпои за наставниците.

Од македонското Министерство за образование и наука велат дека со дигитализацијата на учебниците се обезбедуваат современи дидактички средства кои се прилагодуваат на брзите општествени промени и трендови и истите ќе можат да се ревидираат секоја година пред почетокот на учебната година, за да нема застарени податоци и содржини кои не соодветсвуваат на реалноста.,

„Учениците имаат потреба од современи алатки, кои за период од 20 години ќе им бидат потребни за да можат да се справуваат со предизвиците со кои тогаш ќе живеат“, рече министерката за образование Мила Царовска.