15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Кренавме глас во моменти кога државата беше опустошена и заедно со граѓаните чекоревме за слобода и правда

„Единаесетте години под режимот на ВМРО-ДПМНЕ оставија огромни, несогледливи последици во тоа време. Државата ни беше опустошена. Додека граѓаните страдаа, државата одеше во погрешен правец, кон провалија. Во таков амбиент се исправивме, кренавме глас, ја покажавме Вистината и заедно со граѓаните одлучно газевме по улиците, во борба за слобода и правда“ истакна премиерот на Северна Македонија и претседател на СДСМ, Зоран Заев на отворањето на 26. конгрес на партијата.

Тој кажа дека епитетот „државнотворна партија“ СДСМ го потврдувал многупати во минатото, а во изминативе четири години, по доаѓањето на власт, одновно и повторно го докажале тоа.

„Излеговме со чесна понуда, со јасен „План за обезбедување нормален живот во Македонија“. Со нов концепт: враќање на парите кај граѓаните, со сите сили на прав пат, кон интеграција, со постојана борба со режимските наследници, со одлучност за воспоставување на правна држава. Тоа граѓаните го препознаа и се приклучија! Го срушивме режимот на ВМРО-ДПМНЕ кој цела деценија ја држеше земјата во заложништво. Нашата татковина тргна напред, економски, политички, демократски, на секое можно поле“ истакна Заев.

Тој додаде дека мандатот не бил мирен, но таа битка за доброто на земјата и доброто на народот била и очекувана.

„Ние од почеток се боревме на два фронта истовремено: на надворешен план, мораше да се решаваат наследени децениски проблеми, прашања за кои никој не собрал храброст да ги решава речиси 30 години, од осамостојувањето на нашата држава“ истакна Заев.

Спонзорирано: