Во Предлог-буџетот за 2027 година за судската власт се планирани 3,352 милијарди денари, што претставува зголемување од 15,3 проценти во споредба со годинава, истакна пратеничката Ели Панова на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Според нејзиното излагање, за јавното обвинителство се предвидени 965 милиони денари, односно 8,9 проценти повеќе од 2026 година. За програмата на Академијата за судии и јавни обвинители се предвидени приближно 130 милиони денари.
Панова оцени дека зголемувањето на средствата треба да биде проследено со мерливи резултати, побрзо решавање на предметите и поголема отчетност. Станува збор за предлог-буџетски износи, кои ќе станат конечни по завршувањето на законодавната постапка.


