16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Следува продолжен викенд наредната седмица – Ова се сите преостанати неработни денови во Македонија

Програма на неработни денови за 2021 година:

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2021 година неработни денови се:


За сите граѓани на РМ

24 мај (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители.

На 02 август (понеделник), Ден на Републиката, додека на 8 септември (среда) се одбележува Ден на независноста, а 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание.

На 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба, а 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”,

За граѓаните од православна вероисповед:
30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,  18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,
• 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ – 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ –  23 мај (недела), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ – 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, за граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ – 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците, За граѓаните припадници на турската заедница во РМ – 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар (ВИДЕО)

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК

Во скопски хотел пронајден починат 44 годишник – полицијата истражува

ДЕСК