Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

„Фич“: Македонската економија е стабилна и со ниска инфлација

Македонската економија се карактеризира со ниска инфлација и финансиска стабилност како резултат на водењето кредибилна финансиска и макроекономска политика, конзистентни со стратегијата на стабилен курс на денарот во однос на еврото. Денарот е стабилен и на долг рок нема фактори што би влијаеле на нарушување на неговата стабилност. Банкарскиот сектор има силна основа и покажа отпорност во пролонгирани периоди на политичка несигурност и во текот на значајни економски шокови, вклучително и во текот на пандемијата на коронавирусот. Со намалувањето на основната каматна стапка Народната банка обезбеди ликвидност, која овозможи поголема кредитна поддршка за економијата. Се очекува монетарната политика да остане олабавена и во текот на следната година.

Ова се дел од оценките и заклучоците во најновиот извештај на рејтинг-агенцијата „Фич“ за нашата земја, во кој е направена кредитна анализа.

Во однос на домашната валута, во извештајот на „Фич“ се нагласува дека де факто фиксната врзаност на денарот со еврото е добро поставена и дека одговорот на Народната банка во изминатиот период од почнувањето на корона-кризата е во согласност со политиката на избегнување девизни притисоци.

Во извештајот одделно е нагласена значајноста на монетарното олабавување од март минатата година наваму поради засилената кредитна поддршка за реалниот сектор. Истовремено, се оценува дека инфлациските притисоци остануваат умерени имајќи ја предвид и стапката од 2,1 % на годишно ниво во март. „Очекуваме монетарната политика да остане олабавена во текот на 2021-2022 година, со оглед на политиката на Европската централна банка“, напоменуваат од „Фич“.

Во извештајот е нагласено и дека во изминатиот период банкарскиот сектор не доживеа притисок врз ликвидноста, кредитната активност продолжи, а фундаментите останаа силни.

Системот е соодветно капитализиран и профитабилен, сметаат од „Фич“. Истовремено, нагласуваат дека нефункционалните кредити се намалија на 3,4 % на крајот на 2020 година во споредба со крајот на 2019 година кога тие беа на ниво од 4,6 %.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК