Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

„Лидл” ќе инвестира 500.000 евра – германскиот супермаркет влегува во нашата земја!

По влегувањето во Словенија, Хрватска и Србија, германскиот трговски синџир „Лидл” ќе го отвори својот прв супермаркет и во Северна Македонија, објави специјализираниот портал „Јуропеан Супермаркет Магазин” (ЕСМ), со седиште во ирскиот главен град Даблин.

Според ЕСМ, германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница во земјава под името „Лидл Северна Македонија”, која ќе биде под надлежност на бугарскиот огранок на „Лидл” и со неа ќе раководат Милена Драгијска, Бисер Инчовски и Љубомир Хрсев.

Предвидено е „Лидл” на стартот да инвестира 500.000 евра во земјава.

Според неофицијални извори, „Лидл“ ќе стартува со една продавница и тоа во туристичкиот центар Охрид, а веќе се дискутира и за конкретна локација кај новата автобуска станица.

Според порталот, интересот на „Лидл” за отворање супермаркет во земјава следи откако неговата продавница отворена во јануари во Врање, привлече голем број купувачи од Северна Македонија, но и од Косово.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

ДЕСК

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

ДЕСК

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

ДЕСК