Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Детална прогноза до недела – очекувајте драстична промена

Под влијание на влажен бран од југ утре и во сабота времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта кон сабота и во сабота наутро, особено во југозападните и јужните делови од земјава (каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2).

Дневната температура во овие два дена осетно ќе се намали (за 5 до 10 степени во однос на денес), а во сабота ќе дува и умерен до засилен северен ветер.

Од недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд.

Прогноза за 24.04.2021
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Oблачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во утринските часови особено во југозападните и јужните делови од земјава. До вечерните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 25.04.2021
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 22°C
Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 26.04.2021
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 17°C до 24°C
Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК