12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: СДСМ победува и се менува, заедно со граѓаните сме на победничката страна од историјата

„Убедливо победивме на локалните избори 2017, на референдумот 2018 над 600.000 граѓани гласа ЗА Европска Македонија, СДСМ и 29 партии застанаа зад Стево Пендаровски кој победи на претседателските избори во 2019, СДСМ победи и на предвремените парламентарни избори во 2020 година и продолжи да ја води државата по патот на развојот и напредокот. СДСМ победува но и постојано се менува. Воведовме нов принцип на работа, ја отворивме партија за нови идеи и нова енергија. Влеговме во процес на дигитализација ги следиме модерните текови за уште повеќе посветено и поефикасно да им служиме на граѓаните и државата. Први во државата организиравме внатрепартиски непосредни избори за претседател на партијата, поставивме нов стандард во внатрепартиската демократија. “- истакна на 30-тиот роденден на СДСМ, претседателот Зоран Заев.

Најави дека промените ќе продолжат и на Конгресот на партијата кој ќе се одржи во мај, со нова енергија, со нова политика и со реализација на зацртаните цели што носат напредок.

„Уште една голема и вредна карактеристика ја краси СДСМ, а тоа е дека никогаш не се воздржува од акции за подобра иднина. Стремиме секогаш кон повеќе затоа што застапуваме принцип дека статус-квото е непријател на прогресот. Минатото и сегашноста се нашиот темел, нашата сила за нашите чекори кон иднината. Пред нас е важен период особено во надминувањето на последиците од корона-кризата, ставање конечен крај на пандемијата и рестарт на нашата македонска економија. Како и досега, СДСМ и во овие процеси ќе покаже одговорност, државотворност, храброст и посветеност. Заедно со граѓаните ќе ги надминеме предизвиците што стојат пред нас.“- порача Заев.

Спонзорирано: