Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Љупчо Николовски го проширува тимот за субивање на корупцијата и криминалот за уште десет лица – ги повика професионалците да се пријават на огласот

Фејсбук статус на Љупчо Николовски
Сузбивањето на корупцијата и криминалот, бара максимална екипираност и посветност. За таа цел, за потребата од сериозна борба против корупцијата, денеска објавивме оглас за вработување 10 лица, кои со својата експертиза и посветеност ќе ни се приклучат во борбата против корупцијата.

👉🏻 Идните членови на тимот, ќе помогнат во креирањето и реализацијата на системски мерки за спречување и искоренување на оваа појава. Нашата цел е да го вклопиме искусниот кадар со нови, прогресивни, енергични и високоедуцирани млади луѓе кои се подготвени несебично да придонесат во создавањето коренити промени во македонското општествено делување.

💬 Ги повикувам јавно, сите професионалци кои имаат желба и знаење да придонесат во борбата против корупцијата и да станат дел од историските процеси, да се пријават на овој оглас. Преку транспарентна и правична селекција одбираме тим кој со своето делување ќе придонесе во трајно градење правен систем, систем ослободен од корупција и општество во кој секој граѓанин ќе ја положи својата доверба.

🚩 Сега е вистинскиот момент за исчекор напред. Оваа генерација има шанса да ја предводи таа предизвикувачка и комплексна борба! Создаваме држава која гарантира иднина за секој млад човек.

Аплицирајте на следниот линк 👇🏻
http://prijava.aa.mk/#/announcementDetails/1531

Можеби ќе ве интересира

Странски државјанин осомничен за поседување оружје и напад на полицаец во Скопје

ДЕСК

Левица: Измените на Кривичниот законик предложени од ДПМНЕ се лажно „враќање“ на правдата и вистинско зацврстување на неодговорноста

ДЕСК

Мисајловски на годишниот брифинг со одбранбените аташеи: годинава силно ги развивавме армиските капацитети, во 2026 продолжуваме со интензивна модернизација

ДЕСК