Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Независна истрага да даде одоговри зошто Мицкоски се обиде да саботира акција на полицијата

Обидите на Христијан Мицкоски да саботира важна полициска акција за да спаси криминалци пропаднаа. Акцијата на полицијата против фалсификатори на пасоши заврши успешно, по спроведена истрага која траела подолг временски период. Нема компромис со криминалот, секој што прекршил закон мора да се соочи со одговорност, рече во изјава за медиуми, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

– Дека Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот, како што и сам кажа во еден јавно објавен разговор, и дека е против правдата, граѓаните добро го знаат.

Но, кога станува збор за загрозување на полициска истрага, тоа повлекува и истрага за утврдување одговорност.

Обидите на Мицкоски за загрозување на истрагата, мора темелно да се истражат од страна на надлежните институции.

Особено што Министерството за внатрешни работи јасно соопшти дека токму Христијан Мицкоски „имал контакти“ и бил „во тесна врска“ со еден од сега веќе приведените во оваа полициска акција.

Само независна и транспрента истрага ќе даде одоговри кој е интересот на Христијан Мицкоски што се обиде да ја саботира оваа акција на полицијата?

Зошто Мицкоски бранел криминалци и има ли некакви должничко доверителски односи со нив?

Јавноста, со право очекува одговори, рече Кузеска.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК