8 C
Скопје
18. април 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar Македонија ТОП ВЕСТИ

Заев: Очекуваме месецов да пристигнат околу 300.000 вакцини

Околу 300 илјади вакцини од различни производители се очекува месецов да пристигнат во земјата, истакна премиерот Зоран Заев.

Тој образложи дека станува збор за првите вакцини од Европската Унија наменети за Западен Балкан, од кои за Северна Македонија се издвоени 100 илјади дози. Првично, од нив би требало да стигнат 20 – 25 илјади, рече Заев.

Понатаму, се очекува да пристигне и првата пратка од вакцините од „Фајзер“, како и втората пратка преку Ковакс-механизмот. За месецов, планирана е и испораката на 200 илјади кинески вакцини, како и значителна количина „спутник В“, за кои има договор за 200 илјади дози, додаде премиерот.