Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Митко Чавков е дел од кластерот на заразени од коронавирус во штипскиот затвор

Вкупно 5 затвореници и 3 вработени во затворот во Штип се позитивни на коронавирус.

Според информациите на медиумите, еден од заразените затвореници е и Митко Чавков.

Медиумите се повикуваат на изјава на висок функционер во штипскиот затвор, кој рекол дека сите заразени затвореници се во издвоени простории од останатите осуденици.

Митко Чавков, кој своевремено беше и Министер за внатрешни работи, беше осуден на 16 годишна затворска каза за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со упадот во Собранието од 27 април 2017 година.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК