Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИТЕ: Од 1 јули казни до 2.000 евра

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2026 година и ќе трае се до 31.08.2026 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК