Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.
Прогноза за 28.06.2026
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 31°C до 38°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.
Прогноза за 29.06.2026
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 32°C до 39°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.
Прогноза за 30.06.2026
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 31°C до 39°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.


