На 26.06.2026 околу 05:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Марино, на излез кон с.Кадино, општина Илинден, настанал пожар на две возила: „фолксваген туарег“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Т.(29) и „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.А.(55).
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.


