19.8 C
Скопје
19. јуни 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Технологија Во тренд...

Фејсбук и Инстаграм недостапни за корисниците

Неколку десетици минути не функциониаа Фејсбук и Инстаграм. Проблемот беше видлив некаде по 23 часот по локално време.

“Се извинуваме, нешто не е во ред. Ние работиме на тоа и ќе го поправиме поскоро што можеме” – ова е пораката која може да се прочита доколку отворите Фејсбук.

За оваа грешка јавуваат многу корисници од Светот, а сличен проблем имаше и сервисот Инстаграм кој јавува дека фидот не може да се освежи.

Кај сервисите “Messenger” и “Whatsapp” не се забележани проблеми. Овие сервиси како и Инстаграм се во сопственост на Фејсбук.

Причината за падот на функционалноста на Фејсбук и Инстаграм, е непозната.