Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Поведена истрага против дилер од Скопје

Скопското обвинителство донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело-неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

На 7 април, во домот на осомничениот 31-годишен скопјанец на улица „Метохиска“ биле пронајдени 226,89 грама марихуана во полиетиленски пакувања анеменети за натамошна неовластена продажба. Освен ова, при претресот била одземена и една дигитална вага.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијае врз постапката или да го повтори делото.​​

Можеби ќе ве интересира

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига

C +

Времето денес променливо облачно, со услови за слаб дожд

C +

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +