25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАИЗБОР

СДСМ: Не успеаја обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за саботажа на голема полициска акција

– Додека полицијата изведуваше голема акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши Христијан Мицкоски пласираше информации кои беа закана за целата акција и за натамошната истрага пред надлежните обвинителствата, реагираа вечерва од СДСМ.

– Во обид да ја саботира акцијата, Мицкоски денеска одново јавно застана на браникот на криминалот, спротивно од страната на полицијата.

Мицкоски одново не успеа да ги одбрани криминалците.

Залудни се обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја попречат правдата, да ги заштит криминалците, државата, инситуциите продолжуваат со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, велат од СДСМ.