Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМА

Снег ќе ја прекрие југозападна Македонија, времето целосно се менува – Метеоцентар со детална прогноза

Утре времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места.
Вдолж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер.

Од четврток ќе настапи стабилизација на времето со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните ќе бидат во пораст.

Прогноза за 08.04.2021
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 6°C до 15°C
Сончево со мала до умерена локална облачност, само во раните утрински часови во југозападните делови ќе има слаби врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Прогноза за 09.04.2021
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 9°C до 18°C
Претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 10.04.2021
Минимална температура: -5°C до 4°C
Максимална температура: 12°C до 19°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК