Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нов влажен бран доаѓа во Македонија – температурите под нулата

Нов влажен бран се очекува утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда, кога ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините особено во северните делови со врнежи од снег.

Во среда и во четврток ќе дува засилен северен ветер, а од четврток и во деновите потоа ќе има стабилизирање на времето со утрински температури кои на повеќе места ќе бидат негативни.

Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Прогноза за 07.04.2021
Минимална температура: 3°C до 8°С
Максимална температура: 6°C до 15°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините во северните делови со врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 08.04.2021
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 7°C до 15°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Прогноза за 09.04.2021
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 10°C до 17°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Одржана тркалезна маса на тема „Воведување на уставна жалба“ во Уставниот суд

ДЕСК

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

ДЕСК

Левица во посета на кубанската амбасада – Солидарност против империјалистичките притисоци

ДЕСК