Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка меѓу две возила кај Опае – Седум повредени итно во болница

На 04.04.2021 во 21.30 чaсот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Липково, кај с.Опае, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат ибица“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(51) од с.Липково и патничко возило „бмв 730“, со швајцарски национални ознаки, управувано од А.С.(26) од с.Опае.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „сеат ибица“, Р.М.(43) од с.Липково, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште четири сопатници од двете возила, констатирани во Ургентниот центар Куманово.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Клековски во Стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“: Над 40 милиони денари вложени во модернизација на установата, вклучувајќи ординација со општа анестезија

ДЕСК

ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР со нова прогноза

ДЕСК

ДИПЛОМА ИМААТ, РАБОТА НЕМААТ – Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се невработени

ДЕСК