Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Подгответе се за промена на времето: Во април влегуваме со 23 степени и сонце

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време и со услови за појава на слаб локален дожд и со сончеви периоди кои ќе бидат почести во среда и четврток.

Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во средината на денот ќе засилува. До петок температурите ќе бидат во пораст, а за време на викендот ќе биде малку посвежо и врнежливо.

Прогноза за 31.03.2021
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 12°C до 20°C
Променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Прогноза за 01.04.2021
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 14°C до 22°C
Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 02.04.2021
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 16°C до 23°C
Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Алиу: Успешно реализирани 16 трансплантации на рожница во соработка со тим експерти од САД

C +

Милановиќ: На Македонија ѝ се поставуваат премногу барања и услови за влез во ЕУ

C +

Костадиновски: Уставната жалба е заедничка точка на институционален дијалог

ДЕСК