Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Албански државјанин демолирал казино во Кичево, па се онесвестил

Државјанин на Албанија искршил дел од апаратите во казино во Кичево, по што се онесвестил.

Според информациите на МВР, вчера во 15 часот во полиција било пријавено дека едно лице oштетило дел од апаратите во казино на бул. „Ослободување“ во Кичево, по што му се слошило и паднало во бессознание.

Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје, а по преземени мерки било утврдено дека се работи за В.Џ.(48) од Албанија, кој претходно испил поголема количина алкохол и таблети.

Можеби ќе ве интересира

Алиу: Успешно реализирани 16 трансплантации на рожница во соработка со тим експерти од САД

C +

Милановиќ: На Македонија ѝ се поставуваат премногу барања и услови за влез во ЕУ

C +

Костадиновски: Уставната жалба е заедничка точка на институционален дијалог

ДЕСК