11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Бесими: Буџетот е во добра кондиција, има и за плати и за развој на економијата

„Имавме успешна средба со Европската ивестициска банка и можеме да очекуваме поддршка од нивна страна на проектите и на стопанството, за да може да се мобилизира капиталот, се со цел да му се помогне на регионот, но и на нашата држава. Тема во разговорите беа и 100-те милиони евра наменети за приватните фирми за кредити, но зборувавме и за тоа дека во рамки на гарантниот фонд може да се вклучат од Европската банка за да се зголеми и да се помогне на економија. Инвестицискиот фонд има намера да се фокусирса на извозните компании преку поддршка на инструментите за развој.“- пренесе дел од разговорите со Европската инвестициска банка, министерот за финансии, Фатмир Бесими, во вестите на Сител.

Сепак, приоритет во задржување на стабилноста на економијата, спроед него, е петтиот пакет економски мерки.

„Овој пакет е за платите за февруари и март, но и други инструменти се опфатени, како поволни кредити, но и други мерки. Во однос на ликвидноста имаме средства, добар ни е планот. Со сите наши политики до сега, како членството во НАТО и реформите за ЕУ, ликвиднста во буџетот не е во прашање, во добра кондиција сме и во однос на плати и во однос на вкупната економија, од јануари до 15 март годинава приходите во буџетот се поголеми од истиот период лани, во поглед на сите даноци, а немавме криза првите месеци од минатата година. Сето ова ни укажува дека планираниот раст од 4,1 отсто што го проектираме може и да го оствариме. Бројките одат кон тоа да се оствари нашето сценарио.“- дополни министерот Бесими.

Спонзорирано: