Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме во Македонија: Метеоролозите информираат какво ќе биде времето неделава

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Денес и утре ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови, каде на места ќе достигнува брзина и над 65 км/час.

Прогноза за 18.03.2021
Минимална температура: -6°C до 2°C
Максимална температура: 4°C до 12°C
Умерено облачно и студено со умерен северозападен ветер. На планините и на некои повисоки места со појава на повремен слаб снег.

Прогноза за 19.03.2021
Минимална температура: -7°C до -1°C
Максимална температура: 5°C до 13°C
Умерено облачно и студено со слаб до умерен југозападен ветер. На планините ќе има услови за провејување на слаб снег.

Прогноза за 20.03.2021
Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Облачно со врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК