Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Трагедија во Гостивар: Загина дете во пожар, а 35-годишна жена се бори за живот

Едно дете почина, а една жена е во животно-загрозувачка состојба пренесена во гостиварската болница по пожарот што избувна во станбена зграда во Гостивар.

Пожарникарите изнеле безживотно тело на дете и една 35 годишна жена кои набрзо се пренесени со брза помош во градската општа болница. На ургентното одделение во болницата била констатирана смрт на детето, која наверојатно настанала од задушување.

Според очевидците и станарите, пожарот се појавил утрово пред 8 часот по што се раширил чад и станарите од зградата на улицата “Кеј Вардар” почнале да се евакуираат.

Дежурниот пожарникар Изет Изети изјави дека непосредно по пријавата за пожар на терен излегле со две возила и за пола час го локализирале огнот. Првичните сознанија се дека огнот се појавил во една од собите на станот во кое престојувало повеќечлено семејство.

Според станарите, брзата интервенција спречила ширење на огнот и поголема штета.

Во тек е увид на екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител за да се утврдат причините кои довеле до трагичниот настан.

Можеби ќе ве интересира

Левица: ВРЕДИ одработи за ДУИ во Брвеница, а ДПМНЕ за локалните избори одработуваше против Левица во корист на ВРЕДИ во Струга, Тетово и Гостивар

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Сами против сите и раст од 1.200 гласа, Брвеница нема да биде заборавена, ВМРО-ДПМНЕ понуди програма и концепт за развој, а тие национални поделби

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката

ДЕСК