Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, четири од нив возеле без дозвола, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана. По едно лице во Гостивар, Кавадарци, Прилеп и Тетово (малолетник) воеле без возачка дозвола. Еден возач во Тетово возал под дејстов на алкохол, еден возач во Гостивар возел и покрај тоашто имал активна забрана, а еден возач во Кавадарци управувал возило под дејство на алкохол и со активна забрана з ауправување возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата – граѓаните живеат полошо

ДЕСК

Замина Мартин Треневски: Човекот што остави белег во новинарството, дипломатијата и државните институции

ДЕСК

Масовна тепачка и апсење во Прилеп: Осум лица завршија во станица по тепачка која почнала на патен правец, а завршила во болничките ходници

ДЕСК