Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето се менува: Денеска сонце, а од утре нов влажен бран со дожд и снег низ Македонија

Денес времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен во западните делови западен, а во источните јужен ветер.

Утре ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Во крајните западни подрачја ќе има услови за слаб дожд. Под влијание на влажен бран во недела кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег.

Врнежите ќе продолжат и во понеделник, кога ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Прогноза за 14.03.2021
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец

Прогноза за 15.03.2021
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 8°C до 13°C
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува засилен северен ветер

Прогноза за 16.03.2021
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 6°C до 13°C
Променливо облачно со умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Додека прават дефокус носат 10.000 „економски работници“

ДЕСК

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, нема решенија за граѓаните – само дефокус

ДЕСК

Најмногу снег на Попова Шапка, утре со врнежи од дожд и снег претпладне , попладне облачноста ќе се намалува

ДЕСК